news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО

Извештај: „Гласот на младите: Препораки за унапредување на меѓуетничкиот дијалог и создавање инклузивно општество“

Со гордост го споделуваме извештајот „Гласот на младите: Препораки за унапредување на меѓуетничкиот дијалог и создавање инклузивно општество“, изработен од страна на Институтот за човекови права. 

Извештајот дава осврт на состојбите во нашето образование од перспектива на учениците, и нуди заклучоци и препораки за подобрување на меѓуетничкиот дијалог и потенцирање на улогата на младите во овој процес. Цел на извештајов е да им даде глас на младите преку преточување на нивните гледања и препораки во јавен документ кој ќе биде испратен до релевантните чинители и до пошироката јавност. 

Меѓуетничкиот дијалог е клучен за иднината на нашето општество, а младите се двигатели на промени!  Преку анализа и препораки, извештајот претставува патоказ за унапредување на инклузивноста, почитувањето и разбирањето меѓу сите заедници.

 Клучни поенти:
- Подобрување на образовниот систем за промовирање меѓукултурна комуникација.
- Поттикнување заеднички активности и иницијативи на младите од различни заедници.
- Зајакнување на улогата на институциите во промовирањето на толеранцијата.

Заедно можеме да го направиме нашето општество место кое младите го заслужуваат! Ве повикуваме да го прочитате извештајот и препораките. 

Целосниот извештај е достапен тука: македонски | shqip

-----------------------

Проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ на Институтот за човекови права се спроведува во рамки на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

@UNDP in Europe and Central Asia

@UNDP MK

@Delegation of the European Union to North Macedonia

project-img project-img