news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

Извештај за медиумско известување за корупција во Македонија

Оваа анализа е реализирана во рамки на проектот „Заедно во борба против корупцијата”,
финансиран од Делегација на Европска Унија, преку ИПА програмата – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2016 – 2017. Целта на извештајот е да се оцени природата и типологијата на медиумското известување за (анти) корупцијата во Македонија, како и придржувањето кон водечките принципи на новинарството. Овој истражувачки извештај има за цел да го
анализира медиумското известување на теми врзани за корупција во рамки на пет национални
телевизии во периодот април – јули 2018 година.
Покрај мониторингот на централните вести на целните медиуми, беа реализирани и квалитативни интервјуа со засегнати страни.

Целиот извештај можете да го погледнете тука.