🎬 Последната кино вечер во рамки на проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ се одржа во јуни во Музејот на тетовскиот крај, Тетово, со учениците од ОСМУ „Никола Штејн“. По проекцијата на филмот “Freedom Writers”, следеше дружба и дискусија за важноста на инклузивноста, различноста и еднаквоста во нашето општество. Настанот беше исполнет со инспирација, смеа и длабоки размислувања!
💬 ✨Средношколците споделија свои мисли и идеи за тоа како креативноста може да биде важна алатка во борбата за инклузивност, еднаквост и општествена правда. Завршивме со дружба и многу инспирација за идни акции!
✊ Благодариме на сите учесници за нивната отвореност и ангажираност во разговорите кои ја поттикнаа свеста за важноста на инклузивноста, еднаквоста и активизмот преку креативност!
🙌 Продолжуваме да ја поддржуваме младината и нивната креативност како сила за општествени промени!
#ConfidenceBuilding #EUsupport #WesternBalkans
-------------
Проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ на Институтот за човекови права се спроведува во рамки на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
@UNDP in Europe and Central Asia
@UNDP MK
@Delegation of the European Union, Skopje
📸 @Photo Studio Gjorovski