news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Курс за правото на приватност

Личните податоци можат да бидат искористени за цели за кои ние не сме секогаш свесни ниту пак се согласни. Напредокот на технологијата нуди и нови, современи но и инвазивни методи на надгледување поради што заштитата на правото на приватност станува се позначајна и актуелна.

Институтот за човекови права, во рамки на проектот „Пристап до правда за сите“, финансиски поддржан од Европската Унија, создаде курс токму на оваа тема. По успешно завршување на курсот за правото на приватност ќе дознаете зашто е важно правото на приватност, кои се вашите права и како да се заштитите, ќе се запознаете со националната и меѓународната правна рамка за правото на приватност и ќе добиете сертификат за успешно завршен курс. 

Курсот е достапен на македонски јазик на Академијата на Институтот за човекови права (https://ihracademy.org.mk/).

project-img project-img project-img project-img