news-bg

Новости

Проект:
УСТАВНИОТ СУД – ЗАШТИТНИК НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Курс за заштита на човековите слободи и права пред Уставниот суд на РСМ

Институтот за човекови права изготви „Курс за заштита на човековите слободи и права пред Уставниот Суд на РСМ“ кој е наменет за студенти по право, правници но и општата јавност и има за цел нивно воведување и запознавање со механизмите за заштита на човековите права пред Уставниот суд на Република Северна Македонија како и за начинот на нивното користење. Дополнително, курсот има за цел да ја разграничи различната улогата што можат да ја имаат уставните судови во заштитата на правата и слободите, согласно дадените уставни надлежностите, како и примената на меѓународните инструменти во заштитата на човековите права и слободи.

Курсот е поделен на четири меѓусебно поврзани поглавја:

  • Механизми за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд на Република Северна Македонија;
  • Иницијатива за оценување на уставност и законитост;
  • Барање за заштита на слободите и правата;
  • Примена на Европската конвенција за човекови права од страна на Уставниот суд.

Курсот е изработен во рамки на проектот „Уставниот суд – заштитник на човековите права”, финансиран од Германската амбасада во Скопје.

https://app.ihracademy.org.mk/login


project-img project-img