Блупринт групата за реформи во правосудството изразува став за недоволната транспарентност и направените пропусти при изборот на Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) кој што беше спроведен на 7 ноември 2022 година. Изборот на Основен јавен обвинител на ОЈО-ГОКК беше направен по претходно објавен оглас на 30.09.2022 година. За прв пат изборот на Основен јавен обвинител на ОЈО-ГОКК се врши од страна на
сите јавни обвинители во државата, а Советот на јавните обвинители на РСМ има надлежност само да го констатира изборот согласно волјата на јавните обвинители (согласно Законот за јавното обвинителство донесен во 2020 година и измените на Законот за Советот на јавните обвинители од 2020 година). Овој начин на избор на Основниот јавен обвинител на ОЈО-ГОКК, Блупринт групата го смета за напреден процес кој влијае на унапредување на независноста на јавните обвинители и внатрешната контрола на јавно-обвинителската професија. Во прилог на овој начин на избор, укажува и заинтересираноста на 163 јавни обвинители[1] кои учествуваа во изборот на Основен јавен обвинител на ОЈО-ГОКК.
Институт за европска политика (ЕПИ)/European Policy Institute - EPI
Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association
Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials)
Центар за правни истражувања и анализи
Хелсиншки комитет за човекови права - Helsinki Committee for Human Rights
Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR
Фондација Отворено општество - Македонија