На 2.9.2024 година реализиравме обука за грантистите во рамките на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“.
Грантистите се 4 граѓански организации кои беа добитници на мали грантови за зајакнување на капацитетите и промовирање на професионалните стандарди на новинарите од локалните медиуми, и тоа Рурална Коалиција од Кичево, ЕСМА Здружение на жени Ромки од Скопје, Здружение Европски центар за развој, толеранција и соработка од Гостивар и Здружение Центар за одржлив развој на заедницата од Дебар.
Целта на обуката беше јакнење на капацитетите на учесниците, со фокус на непречено спроведување на проектните активности и подобрување на известувањето. Учениците исто така научија важни техники за застапување, со цел да се остварат подобри резултати во локалното новинарство.
Сите учесници имаа можност да учат од експерти во полето, разменуваат искуства и добијат корисни алатки за успешна реализација на своите проекти.
Благодариме на сите учесници и предавачи за активното учество! Заедно работиме за подобро новинарство!
------------------------
Проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, во партнерство со Институтот за човекови права.