news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ДО ПОКВАЛИТЕТНО ЛОКАЛНО НОВИНАРСТВО

Обука за примена на пристапот заснован на човекови права во медиумското работење

На 9ти и 10ти ноевмври 2023 година се оджа обуката за примена на пристапот заснован на човекови права во медиумското работење. Истата им овозможи на новинарите да се запознаат со основните принципи на ПЗЧП и неговата примена и значење за медиумската работа. Темите и прашањата кои се обработуваа на обуката се: 

  • што се подразбира под ПЗЧП?
  • зашто ПЗЧП е важен за медиумите?
  • која е улогата и кои се обврските на медиумите во процесот на промовирање и заштита човековите права? и 
  • како да се известува со цел да се почитуваат човековите права? 

Обуката е дел од проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ кој се спроведува во рамки на IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW - EU support for Enhancing Journalistic Rights, а е финансиран од Европската Комисија. Овој проект го спроведува Центарот за развој на медиумите на заедниците "МЕДИУМ" во партнерство со Институтот за човекови права.

project-img project-img project-img project-img