news-bg

Новости

Проект:
ДЕВОЈКИ И МЛАДИ ЗАЕДНО ВО ЗАШТИТА НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Официјално започната соработката со партнерите од Словачка

Институтот за човекови права со задоволство ја започна новата меѓународна соработка со партнерската организација Хекима од Словачка, во рамки на проект финансиран од Европската унија преку програмата Еразмус+.

Минатата недела, нашите претставници учествуваа на почетен партнерски состанок во Братислава, каде што беше официјално означен стартот на заедничкиот проект „Девојки и млади заедно во заштита на демократијата“. На состанокот, партнерските организации ги усогласија плановите за работа и разговараа за алатките и методологиите што ќе се развиваат и тестираат во текот на проектот, со цел тие да бидат практично применливи и корисни за младите луѓе во Северна Македонија и Словачка.

Проектот има за цел да им овозможи на младите простор, поддршка и можности за личен и општествен развој, како и да ги охрабри активно да учествуваат во процесите на донесување одлуки и да станат носители на позитивни општествени промени.

Во наредниот период ќе следуваат активности насочени кон градење на капацитети, развој на иновативни алатки и нивно пилотирање со млади од различни заедници.

Институтот за човекови права со нетрпение ја очекува понатамошната соработка и заедничките резултати од овој проект.


---------------------------------

Проектот е финансиран со средства од Европската унија во рамки на програмата Еразмус+.