news-bg

Новости

Проект:
ЗГОЛЕМЕНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Организирана експертска дебата во рамките на проектот „Зголемена транспарентност и отчетност на Советот на јавни обвинители”

На 20 декември 2022 година, Институтот за човекови права организираше експертска дебата на која присуствуваше амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Сирил Бомгартнер, со претставници од Советот на јавни обвинители,  Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Вишите јавни обвинителства Скопје, Штип и Гостивар, претставници од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерство за правда, меѓународни и граѓански организации, адвокати и академска фела. Експертската дебата имаше за цел да иницира дискусија за предизвиците со кои се соочува јавнообвинителскиот систем како и потребата од евентуални измени на Законот за јавно обвинителство и Законот за Совет на јавни обвинители со цел подобро и поефикасно функционирање на јавнообвинителските институции, запознавање и доближување до јавноста со нивниот делокруг на дејствување.

project-img project-img project-img