За потребите на проектот „Контроверзни прашања во училишната програма - развивање ефективни практики и пристапи во наставата и учењето“, заеднички финансиран од Советот на Европа и Европската Унија, врз основа на Договорот за грант помеѓу Советот на Европа и Институтот за човекови права (ИЧП), бр. 0307-17/1 од 11.03.2021, Институтот за човeкови права испраќа:
ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 02/2021
за набавка на услуги за продукција, дизајн и визуализација
Доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да доставите понуда во согласност со Повикот 02/2021.
Деталите се образложени во поканата која може да ја пронајдете во прилог:
- Покана за доставување понуди 02/2021
Понудите треба да се на англиски и се доставуваат во електронска форма на е-поштата ihr@ihr.org.mk, со назнака: “Offer for services for production, design and visualization - DISCO”.
Краен рок на доставување на понудите е до 22.07.2021 година.
Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-поштата ihr@ihr.org.mk најдоцна до 20.07.2021 година.