news-bg

Новости

Проект:
ИНИЦИЈАТИВА ЗА АДМИНИСТРАТИВНА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Покана за доставување понуди за набавка на услуги за превод 10/2025

Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „Иницијатива за административна социјална правда” (финансиран од ЕУ), има потреба од набавка на услуги за писмен превод од македонски на албански и/или англиски јазик и консекутивен или симултан превод од македонски на албански јазик и обратно.

Подетален опис на бараните услуги е даден во проектната задача и повикот:

Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: vesna.stefanovska@ihr.org.mk.

Краен рок на доставување на понудите е до 27.9.2025 година.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса vesna.stefanovska@ihr.org.mk најдоцна до 25.9.2025 година.