news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Повик за набавка на услуги за анимација, дизајн и визуелизација 05/2022

Институтот за човекови права во рамките на проектот „Пристап до правда за сите”, финансиран од ЕУ во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми 2020 – Оперативна поддршка за граѓански организации во Република Северна Македонија, има потреба од набавка на услуги за анимација, дизајн и визуелизација.

Проектната задача и поканата и  можете да ги најдете тука:

Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: vesna.stefanovska@ihr.org.mk.

Краен рок на доставување на понудите е до 30.05.2022 година.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда. За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса vesna.stefanovska@ihr.org.mk најдоцна до 27.05.2022 година.