news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

ПРАВЕН ДИЈАЛОГ БР. 25

Владеењето на правото и почитување на човековите права ја претставуваат нераскинливата vice versa врска без која демократските општества не би можеле да постојат. Дури и во услови на пандемијата, економска криза и војна, владеењето на правото мора да ја поттикнува и промовира заштитата на човековите права и основните слободи.

Во оваа 2022 година, стручното списание „Правен дијалог” ја има привилегијата да биде објавувано во рамките на оперативниот грант „Пристап до правда за сите” финансиран од Европската Унија.

Идејата поттикна од волјата за подигање на свеста и промовирање на едукација за прашања поврзани со човековите права и иницирање дебата за подобрување на пристапот до правда за сите граѓани со особен фокус на маргинализираните групи на граѓани преку следење на релевантни институции со помош на анализа базирана на докази. На овој начин, се создава можност за сите правни практичари и теоретичари да истражуваат и пишуваат на теми кои се поврзани со владеење на правото и почитување на човековите права.

Прочитајте повеќе на линкот https://ihr.org.mk/storage/app/media/Legal%20Dialogue/pravendijalog25.pdf.
project-img