news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

ПРАВЕН ДИЈАЛОГ БР. 26

Во најновото издание на „Правен дијалог“ можете да прочитате текстови од областа на човековите права: доживотната казна и човековите права, затворската казна и нејзините фундаменти во македонското законодавство, меѓународното хуманитарно право, наспроти меѓународното право за човековите права, пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во врска со насилното исфрлање на новинарите од галеријата на Собранието на Република Македонија, текстови за мерит системот во јавната и државната администрација, како и трудот кој го обработува проблемот со перењето пари како дел од организираниот криминал и неговото санкционирање во нашата земја. Од меѓународно-правната проблематика, внимание ќе привлечат текстот кој ги третира критичките аспекти на оригиналистичкото толкување на Уставот на САД, како и текстот за улогата на полицијата во Република Српска во решавањето на кривичните дела против службената должност и овластувања.

Прочитајте го новото издание на овој линк > Правен дијалог бр. 26

Автори во ова издание на „Правен дијалог“ се:
➡️ГОРДАН КАЛАЈЏИЕВ - редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, и ЕЛЕНА МУЈОСКА-ТРПЕВСКА - виш научен соработник во Центарот за стратегиски истражувања МАНУ и доцент по казнено право на Правниот факултет при УГД Штип;
➡️ ВАСКО РУБАНОСКИ - магистер од областа на кривично и финансово право при Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, вработен во Основен суд Охрид;
➡️ СВЕТЛАНА ВЕЉАНОВСКА – професорка на Правниот факултет Кичево – Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола;
➡️ ФИЛИП МЕДАРСКИ – адвокат и основач на Адвокатска канцеларија Филип Медарски;
➡️ МЕРСЕЛ БИЉАЛИ – професор на Факултетот за правни и политички науки – ФОН Универзитет;
➡️ СЕЛМА АБДУЛОВСКА - вработена во АД Електрани на Северна Македонија;
➡️ НИКОЛА ДОНЕВ - дипломиран правник, демонстратор на Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје на предметот Меѓународно јавно право и студент на магистерски студии по меѓународно јавно право на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје; и
➡️ ГОЈКО ШЕTКА - Виш асистент на Факултетот за безбедност – Универзитет во Бања Лука, и МИЛИЈАН КОЈИЌ - вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img