news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Правен дијалог бр. 29

Во овој, досега најброен и најсодржаен број на списанието се анализирани теми од меѓународна, уставна, граѓанска и кривична област. Ќе имате можност да дознаете повеќе за концептот на граѓанскиот форум, за смртната казна, правото на живот и протерување на странци, анализирани низ практиката на Европскиот суд за човекови права. Секцијата за животна средина станува неизоставен дел од списанието, и во овој број ќе имате можност да дознаете повеќе за имплементација на законодавството на Европската Унија за управување со отпад и за екоцидот како ново кривично дело од областа на еколошкиот криминалитет 

Особено не радува фактот што во овој број се разработени прашања кои претходно не биле предмет на анализа, кои тангираат битни човекови права и отвараат простор за понатамошна анализа. Како што и кажува самиот назив на списанието, остануваме посветени на иницирање на дијалог по повод различни прашања кои ги засегаат човековите права и владеење на правото. 

Прочитајте го новото издание на овој линк > ПРАВЕН ДИЈАЛОГ БР.29

project-img