news-bg

Новости

Проект:

ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ПРОТИВ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА СЕГРЕГАЦИЈА НА УЧЕНИЦИ РОМИ

Европскиот суд за човекови права донесе важна пресуда во која утврди дека две основни училишта, „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и „Гоце Делчев“ во Штип, го повредиле правото на децата на недискриминација (член 14) во врска со нивното право на образование (член 2 од Протоколот бр. 1). Оваа пресуда е донесена по неколку годишна заложба на Европскиот центар за правата на Ромите за решавање на проблемот со сегрегација во овие две општини и овозможување на квалитетно образование на Ромските деца кои живеат во овие населби.

Пресудата се заснова и на истражувањето кое Институтот за човекови права го спроведе во 2016 година во соработка со ЕРРЦ и со кое беше утврдена сегрегација на ученици Роми во двете училишта во Битола и Штип. Истражувањето можете да го погледнете на овој линк.

Изјава за медиуми на ЕРРЦ

http://www.errc.org/news/romani-parents-in-north-macedonia-demand-change-as-segregation-at-their-school-reaches-100