news-bg

Новости

Проект:
ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Презентација на вториот квартален извештај од мониторингот врз работата на Судскиот совет на РМ

Почитувани,

Како дел од проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“, Институтот за човекови права ќе одржи промоција на вториот квартален извештај од мониторингот врз работата на Судскиот совет на РМ, во х. Арка, на 18.05.2017 г. со почеток во 10 часот.

Изјави за медиуми ќе бидат дадени од 09:45 до 10:00 часот. На настанот ќе се дискутира за вториот квартален извештај од следењето на работата на Судскиот совет на Република Македонија, кој што е подготвен како дел од овој проект. Исто така, ќе се зборува за значењето на независноста и непристрасноста при изборот и изрекување на дисциплински мерки на судии, но и за транспарентноста на Судскиот совет.

Говорници на настанот ќе бидат Ранко Маријан, поранешен член и претседател на Судскиот совет на Република Хрватска, Сашо Поцевски претседател на Советот за утврдување на факти и Владко Самарџиски член на Судскиот совет на РМ.

***Се покануваат сите медиуми кои се заинтересирани да присуствуваат на настанот.

За повеќе информации, ве молиме посетете ја www.ihr.org.mk или контактирајте нѐ на

e-mail: ihr@ihr.org.mk и тел. +389 2 324 3331


Програмa