news-bg

Новости

Проект:
КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА ВО УЧИЛИШНАТА ПРОГРАМА - РАЗВИВАЊЕ ЕФЕКТИВНИ ПРАКТИКИ И ПРИСТАПИ ВО НАСТАВАТА И УЧЕЊЕТО

Прирачник за наставници - МЕТОДИ И ПРИСТАПИ ЗА РАЗРАБОТКА НА КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА ВО НАСТАВАТА

Пред вас го имате Прирачникот на добри практики, со методи и пристапи за разработка на контроверзни прашања во наставата за основно и средно образование, кој ќе ве охрабри и ќе ве поттикне да градите нови стилови, нови насоки и нови вештини во работата со вашите ученици, на теми кои за нив се актуелни, а пред сè, на теми кои будат силни емоционални реакции. 

Контроверзните прашања за вас не се новина. Вие секојдневно се среќавате со различни коментари од учениците за кои се двоумите на кој начин и дали воопшто да одговорите и да отворите дискусија. Токму во тие ситуации овој прирачник ќе ви овозможи да се справите со предизвиците и доследно да го уважите прашањето или размислувањето на ученикот.

Една од карактеристиките на контроверзните прашања е што учениците најчесто ќе имаат поделени мислења околу истите. Имено, за да им помогнете да градат позитивен вредносен систем и да ги развиваат компетенциите за демократска култура, потребно е да се задржите на овој процес и да посветите време, кое за нив ќе биде драгоцено и од големо искуство.  

Прирачникот е достапен тука.