news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИТЕ ПРОТИВ ГОВОР НА ОМРАЗА И ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

Прирачник за родители за препознавање и реагирање во случај на насилство врз деца вклучувајќи врсничко насилство и говор на омраза

НОВ ПРИРАЧНИК ЗА РОДИТЕЛИ за препознавање и реагирање во случај на насилство врз деца вклучувајќи врсничко насилство и говор на омраза.

Како родители, најголема грижа ни е безбедноста и среќата на нашите деца. Но, дали секогаш знаеме како да препознаеме кога детето се соочува со проблем во училиштето или на социјалните мрежи? Или уште потешко – дали знаеме како да реагираме ако забележиме дека нашето дете повредува друго дете?

Што ќе дознаете во овој Прирачник?

  • Препознавање на знаците: Како да забележите дали вашето дете е жртва на врсничко насилство и говор на омраза.
  • Соочување со реалноста: Како да препознаете дали вашето дете покажува насилно или повредувачко однесување кон другите и како правилно да постапите.
  • Чекори за соработка: Како ефикасно и координирано да соработувате со училиштето (наставниците, стручните служби) и релевантните институции.

Зошто е важно веднаш да реагираме?
Последиците од насилството и говорот на омраза се исклучително сериозни. Тие оставаат длабоки траги врз физичкото, психичкото и емоционалното здравје на децата, а директно влијаат и на нивниот успех во училиштето.

Заштитата на децата е наша заедничка одговорност – на семејството, училиштето, институциите и целата локална заедница!

Прирачникот е достапен на овој линк.


------------------------

Овој прирачник е изработен во рамки на проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата“ која се спроведува во рамките на заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

project-img