news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

ПРИСТАП ДО ПРАВДА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ИЗВЕШТАЈ ОД АНКЕТНО ИСТРАЖУВАЊЕ

Институтот за човекови права спроведе телефонска анкета за истражување на јавното мислење и перцепцијата на граѓаните за пристапот до правда во Република Северна Македонија. Целта на анкетата беше да се истражи свеста за и искуствата на граѓаните со пристапот до правда во земјата, како и проблеми и предизвици при остварување на права пред државните органи.

Анкетата беше спроведена телефонски, на репрезентативен примерок од 1.051 полнолетни испитаници, на стратифициран примерок по случаен избор на територија на Република Северна Македонија. Анкетата беше спроведена во периодот 4ти до 12ти октомври 2022 година.

Од спроведената анкета може да се заклучи дека граѓаните не веруваат дека можат да добијат заштита од Уставот и законите во државата. Околу 85% од испитаниците сметаат дека Уставот и законите воопшто или само малку ги штитат човековите правата на граѓаните.

Во однос дискриминацијата, околу 2/3 од испитаните граѓаните сметаат дека дискриминацијата е присутна или многу присутна во нашето општество. Голем дел од граѓаните велат дека не знаат каде би се обратиле доколку бидат дискриминирани, а дел од овие граѓани сметаат дека и да знаат каде да се обратат би  било  залудно.

Целосното истражување прочитајте го тука.

project-img