news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

ПРИСТАП ДО ПРАВДА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ПЕРЦЕПЦИИ И МИСЛЕЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ 2022-2025

Пристапот до правда претставува клучен показател за функционирањето на едно демократско општество и ефективноста на неговиот правен систем. Тој подразбира способност на граѓаните не само да ги познаваат своите права, туку и да имаат реална можност да ги остварат преку правни механизми и институции. Пристапот до правда зависи од достапноста на правна помош и застапување, ефикасноста на судовите и другите органи, недискриминацијата и еднаквиот третман на сите лица, како и од можноста за практично спроведување на донесените одлуки.

Институтот за човекови права активно работи врз придонесот кон реформите во правосудството за обезбедување независен судски систем и полесен пристап до правда за сите граѓани, нуди бесплатна правна помош на граѓаните на кои им е најпотребна и активно работи на едукација за прашања поврзани со човековите права и со владеењето на правото.

Во рамки на програмата „Пристап до правда за сите“, финансирана од Европската Унија, Институтот за човекови права спроведе две анкети за пристапот во Северна Македонија, една во 2022 година и една во 2025 година. Анкетите имаа за цел да ја испита информираноста, искуствата и перцепциите на граѓаните во однос на пристапот до правда, како и клучните пречки и предизвици со кои се соочуваат при остварување на своите права пред државните институции. 

Сумарниот извештајот „Пристап до правда во Северна Македонија: Перцепции и мислење на граѓаните 2022-2025“ ги презентира резултатите од анкетата спроведена во есента 2025 година и прави компаративна анализа со наодите од 2022, со цел да се обезбеди јасна слика за пристапот до правда на подолг рок. Таква компаративна анализа овозможува мерење на напредокот, идентификување на предизвици, евалуација на ефективноста на реформите и открива промени во перцепцијата и искуството на граѓаните.

Сумарниот извештај е достапен на овој линк.

project-img