news-bg

Новости

Проект:

РАБОТИЛНИЦАТА „КОРУПЦИЈАТА, НАШ ПРЕДИЗВИК ЗА НЕ!“ ВО ООУ ,,НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА - ДУЊА”

На ден 25.12.2024 година, Институтот за човекови права ја имаше честа да учествува на работилницата „Корупцијата, наш предизвик за НЕ!“ во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња”.

Работилницата беше реализирана во три дела. Првиот дел се состоеше од драматизација на учениците од ООУ ,, Невена Георгиева-Дуња ” на три сценарија за корупција. Потоа, претставници од Институтот за човекови права – Мартин Сопронов и Весна Стефановска – одржаа кратко предавање за корупцијата и нејзините последици во нашето општество. На крај, работилницата се затвори со прашања од страна на учениците.

Би сакале да се заблагодариме на наставникот Сретен Рогов за поканата и на ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња ”  за нивното гостопримство. Беше навистина прекрасно да се разговара на овие теми со учениците кои покажаа вистинско разбирање и интерес кон темата.

project-img project-img project-img