news-bg

Новости

Проект:

Работилницата „Корупцијата, наш предизвик за НЕ!“ во ООУ ,,Партенија Зографски”

На ден 19.12.2024 година, Институтот за човекови права ја имаше честа да учествува на работилницата „Корупцијата, наш предизвик за НЕ!“ во ООУ ,,Партенија Зографски”.

Работилницата беше реализирана во три дела. Првиот дел се состоеше од драматизација на учениците од ООУ ,,Партенија Зографски” на три сценарија за корупција. Потоа, претставници од Институтот за човекови права – Марија Чекреџи и Весна Стефановска – одржаа кратко предавање за корупцијата и нејзините последици во нашето општество. На крај, работилницата се затвори со прашања од страна на учениците.

Би сакале да се заблагодариме на наставникот Сретен Рогов за поканата и на ООУ ,,Партенија Зографски” за нивното гостопримство. Беше навистина прекрасно да се разговара на овие теми со учениците кои покажаа вистинско разбирање и интерес кон темата.

project-img project-img project-img