news-bg

Новости

Проект:

Соопштение по повод одземање на имунитет на судија на Врховен суд од страна на Судскиот совет на РСМ

Институтот за човекови права го поздравува ефикасното, законитото, навременото и транспарентното постапување на Судскиот совет на РСМ при одлучувањето за барање за одземање на имунитет, за притвор и времено оддалечување од вршење на судиската функција, согласно на одредбите од Законот за Судски совет на Република Северна Македонија во однос на случајот поврзан со кривичната постапка против судија во Врховниот суд на РСM, што е во насока на обезбедување на независно судство и ефикасна борба против корупцијата. На итната седница одржана на 21 мај 2024 година, Судскиот совет на РСМ за прв пат донесе истовремено неколку одлуки поврзани со притворање на судија, извршувајќи ја својата надлежност предвидена во член  36 став 1, алинеја 8,9 и 12 како и член 99.

Судскиот совет ја донел одлуката со конкретно појаснување дека тоа е сторено за да не се попречи кривината постапка, имајќи предвид дека истиот е затекнат во вршење на кривично дело, и со тоа сметаме дека се запазени и одредбите и роковите за притвор во овој дел од кривичната постапка.

Почитувајќи ја пресумпцијата на невиност и без да навлегуваме во битието на извршеното кривичното дело, сметаме дека ова е чекор напред во борбата против корупцијата со што ќе се влијае на досегашната негативна перцепцијата за независно и непристрасно судство.