news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИТЕ ПРОТИВ ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО

Спроведена обука со ученици и родители од ООУ „Владо Тасевски“ - Скопје

На ден 4.12.2024 година беше одржана обука со ученици од деветто одделение од ООУ „Владо Тасевски“ на тема превенција, препознавање и санкционирање на врсничкото насилство. Психологот преку интерактивна комуникација со учениците успеа да ги мотивира да споделат свои видувања на различни ситуации поврзани со врсничко насилство. Особено нè радува фактот што учениците знаат да препознаат врсничко насилство, да ги дефинираат и разликуваат видовите на врсничко насилство.

Јавните обвинителки во своите излагања се осврнаа на правата, ги запознаа учениците со нивните одговорности, но и со казните предвидени согласно Законот за правда на децата доколку извршат врсничко насилство.

Истиот ден беше одржана работилница со родители, наставен и стручен кадар од училиштето на која се разви дискусија за мерките коишто треба да се преземат и како да се работи со децата со цел да се превенира врсничко насилство, кој пристап да се избере и како првенствено родителите да разговараат со своите деца на теми поврзани со превенирање и пријавување на врсничко насилство. Дискусијата се осврна и на аспектите поврзани со креирање на средина на безбедно училиште и обврската за пријавување на случаи на врсничко насилство кои се случуваат во рамките на училиштето.

Овој проект е финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Скопје и спроведуван во соработка со Основното јавно обвинителство Скопје.

project-img project-img project-img project-img