news-bg

Новости

Проект:
ИНИЦИЈАТИВА ЗА АДМИНИСТРАТИВНА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Трет состанок на Националното координативно тело за административна социјална правда

На 13 мај 2026 година беше одржан третиот состанок на Националното координативно тело за административна социјална правда на кој учествуваа претставници од: Управниот суд; Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен; ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје; Фонд за пензиско и инвалидско осигурување; претставник од правната клиника во рамките на ЈИЕ Универзитетот и претставници од Државниот управен инспекторат.

На овој состанок се дискутираше за улогата на Државниот управен инспекторат преку вршење на редовни и вонредни надзори во работата на органите кои одлучуваат за социјални права, за пристапот до административна правда за лица со попреченост како и за практична примена на начелата и стандардите на административна социјална правда во работата на институциите и управните органи.

project-img