news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО

Трибина на тема „Инклузивно образование“ во ОСМУ „Никола Штејн“ - Тетово

На 26 април 2024 година, во просториите на ОСМУ „Никола Штејн“ – Тетово, ја одржавме третата трибина на тема „Инклузивно образование“. Преку интерактивни активности и дискусија, средношколците беа мотивирани да размислуваат за предностите и предизвиците на образование во една мултиетничка средина и да споделат нивни идеи насочени кон промовирање на различноста и инклузијата.

Инклузивното образование е од голема важност за едно мултикултурно општество бидејќи промовира еднаквост и негува емпатија и разбирање. Освен тоа, ги подготвува учениците за животот во еден разновиден и динамичен свет со тоа што ги учи да ги почитуваат и ценат разликите, го негува чувството на припадност и заедница, и ги опремува со вештини за соработка во различни контексти. Исто така, инклузивното образование не само што придонесува кон развој на инклузивно, емпатично и хармонично општество, туку и придонесува кон подобар академски успех.   

#ConfidenceBuilding #EUsupport #WesternBalkans

-------------
Проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ на Институтот за човекови права се спроведува во рамки на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

project-img project-img