news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО

Трибина на тема „Инклузивно образование“ во СОУ „Перо Наков“ - Куманово

💭 На 10 мај 2024 година, во просториите на СОУ „Перо Наков“– Куманово, ја одржавме четвртата трибина на тема „Инклузивно образование“. Преку интерактивни активности и дискусија, средношколците беа мотивирани да размислуваат за предностите и предизвиците на образование во една мултиетничка средина и да споделат нивни идеи насочени кон промовирање на различноста и инклузијата.

👩🏻‍🏫 Оваа трибина беше последната во серија од четири трибини кои беа организирани со две средни школи во Скопје, едно во Тетово и едно во Куманово. Средношколците покажаа особен интерес и активно учество во дискусиите на оваа тема, истакнувајќи ја нивната заинтересираност за поголемо учество во создавањето на инклузивно и мултиетничко општество.


#ConfidenceBuilding #EUsupport #WesternBalkans

-------------

Проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ на Институтот за човекови права се спроведува во рамки на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

project-img project-img