news-bg

Новости

Проект:
ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ОСНОВА НА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ

Усвоен Законот за заштита и спречување од дискриминација

Пратениците денеска го донесоа Законот за заштита и спречување од дискриминација, кој е со европско знаменце и е услов за пристапни преговори со ЕУ, зададен од Европската комисија.

Родовиот идентитет и сексуалната ориентација станаа дел од законот за заштита од дискриминација.

Новиот закон, со кој овие две категории прецизно се наведуваат како основи за дискриминација (за разлика од сегашниот закон во кој се ставени под општата категорија „припадност кон маргинализирана група“) беше изготвен од Министерството за труд и социјална политика и усвоен од Владата уште лани. Но, тој никако не можеше да ја помине матичната комисија и да дојде на собраниска седница, се до денеска, кога беше донесен со просто мнозинство од присутните пратеници.

 За законот гласаа 52 пратеника, тројца беа воздржани, од 61 присутен пратеник.