news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

ВИДЕО: 15 години Институт за човекови права

Приказната за основањето на Институтот за човекови права започнува во 2009 година. Не водеше желбата да создадеме здружение кое ќе биде кредибилен и препознатлив чинител во полето на промовирањето, унапредувањето и заштита на човековите права и слободи. На тој начин започна дејствувањето на ИЧП, во кој ентузијазмот за заштита на човековите права никогаш не запира, туку напротив, постојано се зајакнува и подобрува преку развивање механизми за анализа и подобрување на состојбите.