news-bg

Новости

Проект:
ЗА ПРАВДА – СЛЕДЕЊЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО И ПРИДОНЕС КОН ИЗРАБОТКА НА НОВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО 2022

ВТОР ПОЛУГОДИШЕН МОНИТОРИНГ БРИФ

2022 година е последната година во која се спроведува Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022. Додека дел од планираните мерки и активности се веќе спроведени, особено тие што предвидуваа измена на постојни или донесување нови закони, сепак дел од процесите на изработка и донесување одредени законски решенија сè уште не се завршени,  или пак се забележуваат предизвици при примена на оние кои се веќе усвоени. 

Како и изминатите години, така и годинава со цел обезбедување независно и објективно следење на овие процеси, Блупринт групата за реформи во правосудството  во рамките на проектот „За правда – граѓански придонес за унапредување на правосудството“, финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија, врши следење и евалуација на спроведувањето на Стратегијата. Наодите од следењето се објавуваат во мониторинг-брифови, додека наодите од евалуацијата од изминатите години се презентираа во годишни извештаи во сенка за спроведувањето на Стратегијата. Со оглед на тоа што 2022 година е последна година од процесот на нејзиното спроведување, наодите од евалуацијата од изминатите години како и од годинава, ќе бидат споени во анализа со сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата.

Вториот полугодишен мониторинг бриф од следењето на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022, за периодот од јануари до јуни 2022, е достапен на македонски, албански и англиски јазик. 


Блупринт група:
Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR
Институт за европска политика (ЕПИ)/European Policy Institute - EPI
Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association
Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials)
Хелсиншки комитет за човекови права - Helsinki Committee for Human Rights
Центар за правни истражувања и анализи
Фондација Отворено општество - Македонија

project-img project-img project-img