news-bg

Новости

Проект:
КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА ВО УЧИЛИШНАТА ПРОГРАМА - РАЗВИВАЊЕ ЕФЕКТИВНИ ПРАКТИКИ И ПРИСТАПИ ВО НАСТАВАТА И УЧЕЊЕТО

Втора координативна средба за наставници

На 12.05.2021 беше одржана втората координативна средба за наставници во рамки на проектот „Контроверзни прашања во училишната програма - развивање ефективни практики и пристапи во наставата и учењето“. Целта на оваа средба беше  координација со учесниците за следните активности и нивната имплементација.

Проектот „Контроверзни прашања во училишната програма - развивање ефективни практики и пристапи во наставата и учењето“ е финансиран заеднички од Европската Унија и Советот на Европа и се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во периодот март - октомври во 2021 година.