news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Втора работилница за зајакнување на капацитетите на ИЧП

На 15 и 16 септември се одржа работилница за подготовка на организациски план за застапување на Институтот за човекови права. Оваа активност е продолжение на првата работилница на која беа идентификувани целите кои ќе бидат содржани во организацискиот план за застапување. Дополнително на работилницата се дискутираше и за Акцискиот план на Институтот за човекови права за 2023 година како и кои активности ќе бидат негов составен дел.

Оваа работилница е дел од проектот „Пристап до правда за сите“, поддржан од Европската Унија, и нејзината цел е да се зајакнат капацитетите на Институтот за човекови права. На работилницата беа присутни членовите на извршната канцеларија на ИЧП, членовите на Управниот одбор и дел од членовите на ИЧП.

Институтот за човекови права беше воден низ процесот на креирање и пишување на планот за застапување од страна на Владимир Лазовски и Мартина Смилевска-Кчева.

project-img project-img project-img project-img project-img