На 26 ноември 2024 година, во Хотел Солун, со гордост го заокруживме проектот „Младински активизам за инклузивно општество“, кој е грант во рамките на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, финансиран од Европската унија (ЕУ) и спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Проектот ги обедини младите, нивните идеи и енергија, со цел да создаде поинклузивно и пообединето општество за сите нас. На завршниот настан беа презентирани резултатите, искуствата и успешните приказни кои ја покажуваат моќта на младинскиот активизам за позитивни промени.
Настанот започна со воведни обраќања од страна на Ана Чернишова, заменичка постојана претставничка на УНДП Северна Македонија, и Јелена Кадриќ, извршна директорка на Институтот за човекови права.
Првата панел-дискусија беше посветена на проектот на ИЧП „Младински активизам за инклузивно општество“. Марија Чекреџи, проектна координаторка во ИЧП, ги претстави резултатите и постигнувањата на проектот, додека Фјола Златку Ајрула, која беше ангажирана како консултант, ги презентираше заклучоците и препораките од извештајот „Гласот на младите: Препораки за подобрување на меѓуетничкиот дијалог и создавање инклузивно општество“.
За време на кафе-паузата, учесниците имаа можност да погледнат дел од фотографиите од фото-конкурсот за средношколци објавен од ИЧП и да гласаат за своите фаворити.
Вториот панел беше посветен на регионалниот проект „Поддршка на ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ и на механизмот за ре-грантирање. Маја Стојаноска, проектна менаџерка во УНДП, ги претстави резултатите и постигнувањата на проектот.
Третиот панел беше посветен на останатите ре-грантисти во рамки на проектот проект „Поддршка на ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, и тоа:
Последниот панел беше посветен на младите кои беа вклучени во проектите на ре-грантистите. Еден млад човек од секој проект беше поканет да учествува на панелот и да го сподели своето искуство со проектните активности. Целта на овој панел беше да се засили гласот на младите и да им се овозможи да ги изразат своите мислења за промоција на мултиетничко и инклузивно општество.