news-bg

Новости

Проект:
УСТАВНИОТ СУД - ЗАШТИТНИК НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

Завршна конференција: Уставниот суд на Република Северна Македонија искуства и перспективи

На 16 септември 2021 година се одржа завршната конференција Уставниот суд на Република Северна Македонија искуства и перспективи во рамки на проектот „Уставниот суд – заштитник на владеењето на правото“.

За време на конференцијата беа презентирани резултатите од имплементацијата на проектот, како и препораки за понатамошната работа на Уставниот суд.

Конференцијата беше отворена од Маргарита Цаца Николовска - Претседателка на ИЧП и поранешенa судија на ЕСЧП и Уставниот суд на БиХ,  Добрила Кацарска- Претседателка на Уставниот суд на РСМ, Бојан Маричиќ - Министер за правда на РСМ како и неговата екселенција Dirk Jan Kop - Амбасадор на Кралството Холандија.

За време на првиот панел беше презентирана Длабинската анализа „ Уставен суд на Република Северна Македонија искуства и перспективи“ од страна на Маргарита Цаца Николовска - Претседателка на ИЧП и поранешенa судија на ЕСЧП и Уставниот суд на БиХ и Игор Спировски – поранешен судија на Уставниот суд и автор на анализата.

Горан Илиќ - професор по уставно право и Декан на Правниот факултет „Климент Охридски“ – Битола, беше еден од панелистите кој ја опфати директната примена на Уставот кога има закон за кој се смета дека е противуставен и во случај кога нема закон. Како и Јетон Шасивари – професор по уставно право на Универзитетот на Југоисточна Европа, кој детално ги опфати последиците од неизвршување на одлуките на Уставниот суд и можни решенија.

project-img project-img project-img