(оригиналниот текст на турски можете да го прочитате тука)
Здраво пријатели!
Повторно сме заедно со уште еден возбудлив блог и овој пат ќе го анализираме местото и улогата на религијата во мултиетничкото општество во Северна Македонија. Ова е многу значајна тема бидејќи нашата земја е извонреден пример за соживот каде луѓето со различно етничко и верско минато живеат во мир и слога. Денес наша цел е да ги анализираме начините како различните верувања придонесуваат во развојот на мултикултурното општество и кои се проблемите со кои се соочуваат овие сложени општества.
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: РЕЛИГИСКИ И КУЛТУРЕН МОЗАИК И ПЛУРАЛИЗАМ
Северна Македонија е земја со богата култура и етничка разноликост. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и останати етнички групи поседуваат различни јазици и културни практики. Оваа етничка разноликост придонесува во јакнењето на земјата и го предизвикува етничкиот плурализам, истовремено нуди и тешкотии околу потребата за мирен заеднички живот.
Еден од најважните фактори кои влијаат на мултиетничката и мултикултурната структура е религијата.
Северна Македонија е земја во која преовладува православното христијанство и исламот, но помеѓу помалите религиозни заедници спаѓаат католиците, протестантите, евреите и други. Религијата за голем број на луѓе има големо значење и е присутна и во индивидуалниот и во колективниот живот.
РЕЛИГИЈАТА КАКО ДЕЛ ОД ИДЕНТИТЕТОТ
Во Северна Македонија генерално религијата не е само духовен елемент, туку за многу групи таа претставува испреплетеност на националниот и културен идентитет. За Македонците припадници на православното христијанство, религијата е неразделен дел од националниот и културен идентитет. Исто така голем број на Албанци, Турци и Роми, исламот го доживуваат како главна карактеристика на етничкото и културно наследство.
Ова покажува дека религијата не само што го обликува начинот на живеење на луѓето, туку таа истовремено поседува длабоки корени и во историјата и културниот развој.
Овие заедници покрај тоа што поседуваат различни вери, споделуваат повеќе заеднички вредности. Повеќето, независно од своите верувања, даваат важност кон вредностите да се почитуваат другите, да се соработува и штити мирот. Овие вредности имаат особено значење од аспект на овозможување на социјален ред за да можат различните заедници да живеат заедно во мир, со заемно почитување, без да се создаваат тензии.
ПОЧИТ КОН РАЗЛИЧНИ РЕЛИГИОЗНИ ВЕРУВАЊА
Во едно мултикултурно општество почитувањето на различните религии е многу значајно за заштитата на мирот.
Религиозните групи во Северна Македонија претежно промовираат идеи и одржуваат активности кои го поттикнуваат соживотот помеѓу различните народи. Ова се реализира со помош на свештените лица, кои често ги собираат луѓето со различни вери на едно место и организираат активности без било какви верски ограничувања.
На пример Меѓурелигискиот совет на Северна Македонија е организација која го поттикнува дијалогот помеѓу црквите. Советот организира разни конференции и дискусии, со цел да се обезбеди мир и да се разјаснат погрешните сфаќања за религиите и да се отстрани верската омраза.
ОБРАЗОВАНИЕ И РЕЛИГИЈА
Друг пример што ја поттикнува социјалната толеранција е образованието. Културите и религијата може да биде различна, но тоа нуди можност луѓето подобро да се разберат и да се отстранат погрешните стереотипи. Во училиштата во Северна Македонија се поттикнуваат меѓурелигиски активности и обуки. Учениците се запознаваат со основите на различните религии, тоа им овозможува да станат толерантни кон нивните врсници со верувања поразлични од нивните.
РЕЛИГИЈА И СОЦИЈАЛНА СОЛИДАРНОСТ
Се вели дека религијата има критична улога во општеството. Тука спаѓа обезбедување помош на лица на кои им е неопходна и поттикнување на општествената солидарност. Верските заедници ги споделат своето време и ресурси со помалку среќните членови на општеството, како што се децата, старите лица и болните.
Овие активности ја зацврстуваат улогата на религиите во општеството, развивајќи го чувството дека „постојано сме заедно и работиме за благосостојбата на сите“. Токму поради овие активности религиите придонесуваат во градењето на интегрирано и кохезивно општество.
Но, во Северна Македонија покрај тоа што има правила за да се сочува мирот помеѓу религиите и етничките групи, некои тешкотии се сè уште присутни. Политичките и етничките тензии понекогаш ги задлабочуваат пукнатините помеѓу групите и тука многу е важно да се спречи религијата да биде причина за овие тензии. Напротив религијата треба да биде мост кој ќе помогне да се подобрат овој вид на делби.
Некои од овие тешкотии можат да се надминат со меѓу верски дијалог и со постојано вложување во образованието. Треба да продолжиме да работиме на изградба на општество каде различностите наместо да не делат, ќе нè просветлуваат.
КАКО МОЖЕ ДА ЈА ХРАНИМЕ ТОЛЕРАНЦИЈАТА?
Избегнувањето конфликти и градење социјална толеранција е можно со личен труд од сите нас. Во оваа насока, може да се преземат следните чекори:
1️⃣ Образование и свесност – само доколку ги сознаеме религиите и културите на другите, ќе се отстранат предрасудите и ќе настапи почитта.
2️⃣ Учество во меѓурелигиски активности – учествувањето на овој тип активности не само што ќе го поттикнат дијалогот, туку истовремено ќе овозможат интеракција и пристап до луѓе припадници на разни верски здруженија.
3️⃣ Хуманитарни активности – претставува еден од најдобрите начини да се помага на луѓето без разлика на нивната верска и етничка припадност и да се шири добрината.
4️⃣ Отвореност кон дијалог – наместо да ги занемаруваме недоразбирањата предизвикани од различни верувања, треба да се трудиме да стекнеме разбирање.
Религијата е една од главните причини што придонесува кон општествената структура на Северна Македонија како мултиетничка и мултикултурна земја. Секоја заедница со нејзината религијата на некој својствен начин придонесува кон соживот. Учењето за другите верски практики и прифаќањето на различните вери им помага на заедниците да создадат нешто уникатно и го зајакнува чувството на единство меѓу сите нас.
________________________________________________________________________________________________
Овој блог е дел од серијалот на блогови на тема „Унапредување на мултиетничко општество и промоција на мултикултурата во нашата држава“ напишани од средношколци во рамки на проектот „Младински активизам за инклузивно општество“.
Проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ на Институтот за човекови права се спроведува во рамки на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).