projects-bg

Реализирани проекти

„Дискриминација на Ромите во образовниот процес: Кршење на ѕидот на отфрлање и сегрегација“

9 септември 2012 - јуни 2013

Цел на проектот

Проектот имаше за цел да промовира разбирање, почитување и уживање на правото на образование без дискриминација на ромската популација и да се подигне свеста на релевантните власти за националната легислатива, како и меѓународни обврски кои забрануваат индиректна дискриминација на ромските ученици. 

Активности

Во рамките на проектот се одржаа шест тркалезни маси, и тоа во Скопје (Општина Чаир и Општина Ѓорче Петров), Кичево, Битола, Куманово и Штип. Шесте тркалезни маси беа поделени на две сесии. На првата сесија целна група беа директори, наставници, НВО, државни институци како и меѓународни организации, а целна група на втората сесија беа родители и ученици Роми.

Презентери на тркелезните маси беа:

Вања Михајлова, член на Управниот одбор на Институтот за човекови права и поранешен член на Државната комисија за спречување на корупција говорешпе на тема „Правото на образование и заштита од дискриминација и сегрегација на Ромите во образовниот процес низ призмата на меѓународните документи и меѓународните тела и органи“.

Маргарита Цаца Николовска, Судија во Уставниот суд на Босна и Херцеговина и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права, говореше на тема „Дискриминација од аспект на праксата на Европскиот суд за човекови права“.

Васка Бајрамовска Мустафа, заменик на Народниот Правобранител говореше за „Законодавната рамка од аспект на правото на образование, пракса и искуства на Народниот Правобранител“.

Заклучоците и препораките од аналитичкиот извештај кои што произлегоа од проектот беа испратени до сите општини во државата, а исто така се достапни и на веб-страницата на Институтот за човекови права.

Проектот бешe финансиран од страна на Ромски образовен фонд (РЕФ) од БудимпештаВкупен буџет на проектот: 13.390 €

news-bg

Новости