projects-bg

Реализирани проекти

Институционален грант

Civica_Logo_original.png (18 KB)     

 Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ). Визијата на проектот е Македонија во која граѓанското општество игра позитивна улога во реализацијата на потенцијалот на земјата и на сите нејзини граѓани.

Институционалните грантови на Цивика мобилитас се наменети за поддршка на институ- ционалниот развој и организациското јакнење на граѓанските организации. Институционалниот развој се однесува на поддршката која граѓанското општество може да ја направи за развојот на Македонија. Така, тој се однесува на улогата на ГО и другите чинители во граѓанското општество во промовирањето на општествените промени во земјата. Организациското јакнење се однесува на зајакнувањето на поединечни ГО како организации. Особено, организациското јакнење се однесува на јакнење на ГО во подобрување на нивниот севкупен успех во постигнувањето на нивната мисија, како и за зголемување на поширокото влијание на нивната работа на сите нивоа. Институционалните грантови на Цивика мобилитас се исто така наменети и за поддршка на краткорочните, среднорочните или долгорочните (стратешки) планови на ГО за работа на своето институционално и/или организациско јакнење. Цивика мобилитас овие планови ги вика патокази (Pathways)! За да им помогне на ГО да ги идентификуваат и да ги формулираат овие патокази, Цивика мобилитас подготви институционална/организациска самооценка која мораат да ја пополнат сите ГО кои бараат институционален грант. Прашалникот за самооценка можете да го најдете на следниот линк. Самооценката се состои од пет области: Идеи, заеднички каузи и заеднички акции; Вредности, убедувања и ставови; Конституенти / граѓански ангажман; Организациски развој; и Општествено влијание.

Очекувани резултати:

* Развиени механизми за придонес на поголем број членови на ИЧП и стручната јавност (правниците) во промовирањето на човековите права и слободи

* Конституентите заеднички ја јакнат свеста за значењето на човековите права и слободи

* Поголема непосредност на ИЧП до граѓаните преку поттикнато нивно учество во донесувањето одлуки на локално ниво

* Подобрена вклученост на управувачките и советодавните тела и членови во работењето на ИЧП

* Конституентите се мотивирани за вклучување во работењето на ИЧП

Правен дијалог

news-bg

Новости

post-img

ЗАКЛУЧОЦИ ОД ФОРУМОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПОСВЕТЕН НА ПРАВАТА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

На 6 декември 2017 година (среда) во ЕУ Инфо Центарот, во организација на Институтот за човекови права се одржа Форумот за човекови права посветен на човековите права на маргинализираните групи во Република Македонија по повод Меѓународниот ден на човекови права и слободи - 10-ти декември...

Повеќе
post-img

СТУДИСКА ПОСЕТА ВО СТРАЗБУРГ

Членовите на Извршната канцеларија и Претседателката на Институтот за човекови права (ИЧП) успешно ја реализираа студиската посета во Стразбург, Франција во рамките на Институционалниот грант поддржан од програмата на Цивика Мобилитас...

Повеќе
post-img

Повик за објавување на статии во стручно списание Правен дијалог

Повеќе
post-img

Извештај на независен ревизор за Институционалниот грант

Извештајот на независен ревизор за Институционалниот грант на ИЧП за период од 01.04.2016 до 31.03.2018 е достапен на следниот линк...

Повеќе
post-img

ГОДИШЕН МОНИТОРИНГ БРИФ ЗА ИЗВРШУВАЊЕТО НА ОДЛУКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2016

Повеќе
post-img

Недостатоци во Законот за кривичната постапка кои ги ограничуваат човековите права и слободи

Повеќе
post-img

ВТОР МОНИТОРИНГ БРИФ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА (ЕСЧП) ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Повеќе
post-img

Влијанието на законската регулатива и јавните политики за јавните набавки за почитување на човековите права

Неспорна е оценката дека во Република Македонија законската регулатива која е усогласена со европските стандарди, во практиката нецелосно и несоодветно се имплементира. Сепак, не ретко токму правните празнини или нејасните, двосмислени и недоречени законски решенија се причина за повреда на основните човекови права. Вакви практики може да се најдат во повеќе закони и други прописи за кои законодавецот посочува дека се „усогласени со законодавството на ЕУ“, иако споредбата го покажува спротивното. На ваквите отстапувања во континуитет укажуваат и меѓународните организации, првенствено Европската комисија во своите извештаи за напредокот на земјата за приклучување кон Унијата...

Повеќе
post-img

Форум за човекови права

По повод Меѓународниот ден на човековите права, вчера во Јавна Соба, Институтот за човекови права организираше Форум на тема „Состојбата во Република Македонија vis a vis човековите права и слободи “...

Повеќе
post-img

Повик за објавување на статии во стручно списание Правен дијалог

Институтот за човекови права (ИЧП) објавува трет Повик за објавување на статии во стручното списание Правен дијалог во рамките на Институционалниот грант поддржан од програмата на Цивика Мобилитас...

Повеќе
post-img

Студиска посета во Мадрид

Членовите на Извршната канцеларија на Институтот за човекови права (ИЧП) успешно ја реализираа студиската посета во Мадрид, Шпанија во рамките на Институционалниот грант поддржан од програмата на Цивика Мобилитас...

Повеќе
post-img

Стратешко планирање за 2016-2020

Повеќе
post-img

ПОВИК ЗА ОБЈАВА НА СТАТИЈА ВО ПРАВЕН ДИЈАЛОГ

Почитувани, Институтот за човекови права (ИЧП) објавува втор Повик за објавување на статии во стручното списание Правен дијалог во рамките на Институционалниот грант поддржан од програмата на Цивика Мобилитас...

Повеќе
post-img

Мониторинг Бриф Бр. 1

Првиот Мониторинг Бриф за извршувањето на одлуките на ЕСЧП во Република Македонија...

Повеќе