1 септември 2012 - 31 август 2013
Цел на проектот
Проектот имаше за цел да придонесе во јакнењето на независноста на судството во Република Македонија и да се зацврсти непристрасноста при судското одлучување. Со овој проект ИЧП настојуваше да го зголеми разбирањето во јавноста и помеѓу претставниците на законодавната и извршната власт за темите поврзани со судската независност и непристрасност, но и развиваше конкретни и практични мерки насочени кон зајакнување на независноста на судството. Активностите беа насочени кон следење и надгледување на судството во делот на независноста и непристрасноста при одлучувањето, како истражување - анкети со цел „мерење“ односно утврдување на перцепцијата на граѓаните, судиите и властите за независноста на судовите и непристрасноста при одлучувањето. Исто така, во рамките на проектот беше изработена Анализа за независноста на судството во Република Македонија (тука), во која, меѓудругото, се дадени конкретни чекори, мерки и активности во насока на отстранување на идентификуваните легислативни и практични недостатоци.
Проектот бешe финансиран од страна на Фондацијата отворено општество Македонија (ФИИОМ), преку грант на Проектот на УСАИД. Вкупен буџет на проектот: 29.480.00 $