Донатор: Германска амбасада Скопје
Времетраење на проектот: 01.03.2020 - 31.12.2020
Буџет: 41.000 EUR
Општа цел:
Општата цел на проектот е намалување на дискриминацијата и говорот на омраза во училиштата, а истовремено и подигнување на свеста за толеранцијата, прифаќањето и правата на ЛГБТИ заедницата помеѓу општата јавност и младите лица.
Целни групи:
- Студенти и ученици
- Лица и експерти кои работат во доменот на заштита на човековите права
- Лица кои се соочуваат со дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет
Поединечни цели
Специфична цел 1: Да ја зголемиме заштитата од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет преку образование, како и да ја подигнеме свеста за нејзино постоење преку промовирање толеранција и прифаќање.
Специфична цел 2: Да ја зајакнеме заштитата од дискриминација, пред сè врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, преку воспоставување на конкретна (судска) пракса.
Резултати од проектот
Резултат 1. Зајакнување на знаењето во поглед на спречување и заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, како и на негативните последици од говор на омраза.
Резултат 2. Зголемена толеранција и прифаќање помеѓу луѓето
Резултат 3. Објавени извештаи
Резултат 4. Воспоставена минимална судска пракса како основа за понатамошни постапки во оваа област;
Резултат 5. Утврдени недостатоци и позитивни аспекти во спроведувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација.
Проектни активности:
Активност 1. Организирање на девет обуки во училиштата за млади и лица кои се соочуваат со дискриминација;
Активност 2. Подготовка на две видеа со цел промовирање кампања на социјалните мрежи за основите врз основа на кои се утврдува дискриминација (посебен фокус на дискриминаторските основи: сексуална ориентација и родов идентитет) и промоција на програмата за стратешко застапување;
Активност 3. Организирање на тематски летен камп
Активност 4. Организирање на литигациски тренинг во однос на поведување постапки за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.
Активност 5. Поведување една постапка за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и судовите од страна на адвокати специјализирани во оваа област и ИЧП;
Активност 6. Изготвување на извештај за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и документ за јавни политики со заклучоци и препораки;
Активност 7. Студиска посета за размена на практики и искуства
Активност 8. Спроведување истражување на база на онлајн прашалник
Активност 9. Мониторинг на работата на комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Активност 10. Организирање на јавен настан за презентација на резултатите од проектот и документот за јавни политики.
Финални корисници:
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Омбудсман, Уставен суд, Граѓанските организации, Општините, Судиите, Јавните обвинители, правните професионалци и општата јавност. Дополнително како финални корисници се и лицата од ЛГБТИ заедницата.
www.ihracademy.org.mk e првата онлајн академија за Е-учење на македонски јазик, која што нуди можност за едукација и доедукација во областа на човековите права.
Преку неколку примери треба да определиш дали во дадените ситуации постои дискриминација. Овој квиз е подготвен од Институтот за човекови права во рамки на проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација“