Во пресрет на изборот на нова Комисија за спречување и заштита од Диксриминација (КСЗД), се подготви Анализа на законскиот мандат и предусловите за транспарентност, отчетност и ефективност на Комисијата. Подготвената анализа ќе претставува основа за подготовка на Методолошка рамка за следење на транспаретноста, отчетноста и ефективноста во нејзиното работење.
Истата е подготвена во рамките на проектот за Зголемен јавен надзор на работата на Антикорупциска и Антидискриминациска комисија, кој е во соработка на Институтот за човекови права со ЕСЕ Македонија.