На 7 и 8 октомври се одржа втората обука во рамки на проектот „Човекови права за сите“. Оваа обука беше насочена кон претставниците на граѓанските огранизации кои за време на обуката се запознаа со пристапот заснован на човекови права (ПЗЧП). Што е ПЗЧП и кои се целите на овој пристап, односно како и на кој начин овој пристап треба да се применува при креирање на политиките на граѓанските органзиции се само дел од прашања кои беа обработувани за време на обуката. Пристапот заснован на човекови права беше претствен и преку практични примери каде што учесниците, поделени во групи го имплементираа ПЗЧП на одредена тематика
Оваа обука се одржа во рамки на проектот „Човекови права за сите“ кој е поддржан од Европската Унија.