Уставот, во член 50 предвидува дека: „Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност. Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања. Граѓанинот има право да биде запознат со човековите права и основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други за нивно унапредување и заштита”.
Понатаму, член 110 ст.3 предвидува дека Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста надлежен е „да ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност”.
Деловникот на Уставниот суд во член 51 наведува дека секој граѓанин што смета дека со поединечен акт или дејство му е повредено право или слобода утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, може да бара заштита од Уставниот суд во рок од 2 месеци од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединечен акт, односно од денот на дознавањето за преземање дејство со кое е сторена повредата, но не подоцна од 5 години од денот на неговото преземање.
Во барањето потребно е да се наведат причините поради кои се бара заштита, актите или дејствата со кои тие се повредени, фактите и доказите на кои се заснова барањето, како и други податоци потребни за одлучувањето на Уставниот суд.
*заштита на човековите права пред Уставниот суд како и заштита на слободите и правата пред надлежните судови преку гарантирање на судска заштита на законитоста на поединечни акти на државната управа и на другите институции кои вршат јавни овластувања.
Образец за поднесување барање за заштита на слободи и права (PDF) (Word)
ВОДИЧ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИТЕ И ПРАВАТА ПРЕД УСТАВНИОТ СУД
Согласно член 77 од Уставот: „Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања. Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните што им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања. Народниот правобранител посветува особено внимание за заштита на начелата на недискриминација соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и во јавните установи и служби”.
Народниот правобранител презема активности со цел промовирање на човековите слободи и права, кои може да се спроведат преку соодветни истражувања од доменот на човековите слободи и права, кампањи и различни форми за јакнење на свеста и едукацијата кај пошироката јавност, како и заеднички промотивни активности во соработка со граѓанскиот сектор, меѓународните организации и академската јавност.
Согласно член 13 од Законот за Народен правобранител, постапката за заштита на уставните и законските права на граѓаните пред народниот правобранител се покренува со поднесување претставка.
Секое лице може да поднесе претставка до Народниот правобранител кога ќе оцени дека му се повредени уставните и законските права или кога се повредени начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.
Народниот правобранител може да покрене постапка и по сопствена иницијатива, доколку оцени дека на граѓаните им се повредени уставните и законските права.
Дискриминација е секое разликување, исклучување, ограничување или давање првенство што се заснова на дискриминаторска основа, со сторување или несторување, што имаат за цел или резултат спречување, ограничување, признавање, уживање или остварување на правата и слободите на одредено лице или група на еднаква основа со други. Ова ги опфаќа сите форми на дискриминација вклучително и оневозможување на соодветно приспособување и оневозможување на пристапност и достапност на инфраструктурата, добрата и услугите.
Законот за спречување и заштита од дискриминација во член 23 предвидува: „лицата кои сметаат дека претрпеле дискриминација можат да поднесат претставка до Комисијата, писмено или усно на записник, без обврска за плаќање такса и друг надоместок”. Лицето кое смета дека е дискриминирано пред Комисијата може да биде застапувано од страна на здружение, фондација или синдикат со претходно дадена согласност.
Претставката треба да ги содржи следниве елементи: податоци за подносителот, податоци за лицето против кого се поднесува претставката, околностите и фактите врз кои се темели претставката, податоци за правните дејства што претходно ги вложил подносителот, доколку ги има и потпис на подносителот.
Бесплатна правна помош е правна помош одобрена и финансирана од страна на државата на начин и под услови кои се утврдени со Законот за бесплатна правна помош. Бесплатната правна помош може да се даде во два облици и тоа:
Примарната правна помош опфаќа:
Бесплатна правна помош се одобрува само за определени видови правни прашања кои се од особен интерес на барателот и кои најдиректно ја засегаат неговата материјална егзистенција како на пример:
Со Законот за парнична постапка се уредуваат правилата на постапката врз основа на кои судот расправа и одлучува во споровите за основните права и обврски на човекот и граѓанинот, за личните и семејните односи на граѓаните како што се работните, трговските, имотните и другите граѓанско- правни спорови, ако со закон за некои од тие спорови не е определено за нив судот да решава според правилата на некоја друга постапка.
Секое лице кое што смета дека некое право кое влегува во доменот на граѓанското право, му е повредено, може да поднесе тужба пред стварно и менсо надлежен суд. Роковите за поднесување на тужби се определени во посебните закони и зависат од одредување на основот на тужбеното барање.
Предмет на граѓанска постапка можат да бидат најразлични повреди на загарантираните права како на пример следниве права:
Кривичната постапка претставува збир на дејствија што се преземаат со цел наоѓање на сторителот на кривичното дело, собирање докази, негово обвинување и дејствата на одбраната до донесувањето конечна пресуда и извршувањето на санкцијата.
Предмет на кривична постапка се дела со кои се повредуваат одредени права на човекот и тие можат да бидат најразлични како на пример:
Кривичниот законик содржи и други кривични дела со кои се повредуваат слободите и правата на човекот и граѓанинот.
Во управна постапка се остварува заштита на правата и правните интереси на физичките лица, правните лица и другите странки, како и заштита на јавниот интерес по која се должни да постапуваат министерствата, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје, кога во вршењето на своите законски надлежности, постапуваат, решаваат и преземаат други управни дејствија во управни работи.
Во управна постапка може да се бара заштита на следниве права и тоа:
Во управна постапка може да се бара заштита на права кои се уредени со посебни закони, а за чие решавање надлежни се првостепените и второстепените органи како и Управниот суд согласно надлежностите предвидени во Законот за општа управна постапка и Законот за управни спорови.
Устав на Република Северна Македонија со амандмани
– симнат од официјалната страна на Собранието на РСМ https://www.sobranie.mk/ustav-na-rm.nspx
Деловник на Уставен суд на РСМ
– симнат од официјалната страна на Уставниот суд http://ustavensud.mk/?page_id=4605
Закон за народен правобранител
– пречистен текст симнат од официјалната страна на Народниот правобранител на РСМ http://ombudsman.mk/MK/nadlezhnost/zakon_za_narodniot_pravobranitel.aspx
Закон за бесплатна правна помош
– симнат од официјалната страна на Министерството за правда https://www.pravda.gov.mk/usluga/11
Закон за општа управна постапка
– симнат од официјалната страна на Министерството за информатичко општество и администрација https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/documents/legislation
Закон за заштита од вознемирување на работно место
– симнат од базата на закони на Правдико со бесплатен пристап https://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakon-za-zashtita-od-voznemiruvane-na-rabotno-mesto-31-05-2013.pdf
Закон за сопственост и други стварни права
– симнат од архивата на закони на Министерството за инфоматичко општество и администрација http://arhiva.mioa.gov.mk/files/pdf/dokumenti/zakoni/komunikacii/Zakon_za_sopstvenost_i_drugi_stvarni_prava_konsolidiran_032018.pdf
Закон за граѓанска одговорност за клевета и навреда
– симнат од страната на Центарот за развој на медиуми
– симнат од официјалната страна на Службен весник (бесплатен пристап) http://www.slvesnik.com.mk/Issues/b7e29dcc351b4ac28c389be15955c380.pdf
– симнат од официјалната страна на Базата на закони од правдико (слободен пристап) https://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakon-za-parnichnata-postapka-20-01-2011-prechisten-tekst.pdf
– симнат од официјалната страна на Јавното обвинителство на РСМ http://jorm.gov.mk/krivichen-zakonik/ заедно со измените
Европска конвенција за човекови права
согласно Протоколите број 11 и 14, со протоколите број 1, 4, 6, 7,12, 13 и 16
Целосна листа на сите документи на Советот на Европа можете да најдете овде.
Универзалната декларација за човекови права
Северна Македонија е држава членка на следните договори:
Северна Македонија не е држава членка на следните договори:
Документите кои не се достапни на македонски, може да ги најдете на следниот линк на англиски.
За пристап до сите договори, директиви и регулативи од Европската Унија, кликнете овде.
Европски суд за човекови права
Комесар за човекови права
Конференција на меѓународни невладини организации
Генерален секретар
Комитет на министри
Парламентарно собрание (PACE)
Конгрес на локални и регионални власти
Подетални информации за овие тела може да најдете овде.
Комисија за човекови права
Канцеларија на Високиот комесар за човекови права
Образовна, научна и културна организација на Обединетите нации (УНЕСКО)
Спроведување на меѓународните стандарди за човековите права преку договорните тела
Пристапот заснован на човековите права е начин на користење на човековите права во секојдневната работа.
Пристапот заснован на човекови права (ПЗЧП) е најдалекосежен обид за интеграција на човековите права во развојните концепти на организациите, институциите на власта и компаниите. Во неговата основа е неопходноста од промена на парадигмата – од милосрдие за потребите, кон обврска за остварување на правата. ПЗЧП треба да се гледа како концептуална рамка за човеков развој, заснована на меѓународните стандарди за човекови права и оперативно насочена кон нивна промоција и заштита.
ПЗЧП се заснова на меѓународните стандарди за човекови права, кои, пак, произлегуваат од Универзалната декларација за човекови права на ООН и деветте клучни меѓународни инструменти за човекови права на ООН и нивните протоколи[1]. ПЗЧП е рамка која ги вклучува нормите, стандардите, принципите и целите на овие инструменти во еден систем на планирање и процесирање на различните развојни цели на една организација/држава. ПЗЧП е насочен кон промоција и заштита на човековите права, со цел да ги опфати суштинските нееднаквости кои се наоѓаат во центарот на развојните проблеми, како и да ги надомести штетите предизвикани од различни дискриминаторски практики и неправична дистрибуција на моќ.
На овој начин, ПЗЧП нуди нови перспективи, начини и алатки за решавање на постоечките развојни проблеми: на пример, овој пристап ја препознава сиромаштијата како неправда и ги вклучува дискриминацијата, маргинализацијата и експлоатацијата како нејзини основни причини. Во овој концепт, поимите сиромаштија и неправда се разбираат како структурни последици за разлика од индивидуални состојби. Во 2001 година, ООН Комитетот за економски, социјални и културни права ја дефинира сиромаштијата како „човекова состојба која ја карактеризираат трајно или хронично лишување од ресурси, можности, избор, безбедност и моќ, а кои се неопходни за уживање на соодветен стандард на живот и останати граѓански, културни, економски, политички и социјални права“. Тука сиромаштијата се перцепира како многу комплексна состојба, која е резултат на повеќе ограничувања кои взаемно се јакнат и која резултира со недостаток или нарушување на фундаменталните слободи. Сето тоа влијае на можностите на човекот да ги бара и оствари своите права.
Централни точки на ПЗЧП се идентификација на суштинските причини за неостварување на правата, охрабрување на имателите на права да ги бараат истите, како и овозможување на носителите на должности да ги исполнат своите обврски. Ова разграничување на „иматели на права“ и „носители на должности“ се заснова на два факти: секој човек е носител на права и секое човеково право има соодветен носител на должности. Секој носител на права:
Има право на права,
Има право да ги бара и остварува правата,
Има право да бара одговорност од носителите на должности, и
Има обврска да ги почитува правата на другите.
Следствено, носителите на должности се оние кои имаат обврска да ги почитуваат, заштитат и остварат правата на имателите на права. Целокупната одговорност за исполнување на обврските кои произлегуваат од човековите права е кај државата, како збир на сите законски носители на должности. (Киркеман Боесен & Мартин, 2007)
Иако не постои универзален начин за имплементирање на ПЗЧП, овој пристап има 3 атрибути кои ја одразуваат неговата суштина (http://hrbaportal.undg.org/faq):
При формулирање на развојни политики и програми главната цел треба да е остварување на човековите права.
ПЗЧП ги идентификува имателите на права и нивните права, како и соодветните носители на должности и нивните обврски. Примената на ПЗЧП придонесува кон јакнење на капацитетите на имателите на права да ги поднесуваат своите барања (за остварување на права) и на носителите на должности да ги исполнат своите обврски.
Принципите и стандардите кои произлегуваат од меѓународните договори за човекови права треба да ја водат развојната соработка и програмирањето во сите сектори и низ сите фази на програмските процеси.
Имајќи го сето ова во вид, ПЗЧП не нуди решенија на индивидуално ниво, туку сеопфатен, осмислен, структурен и плански пристап кон нивно системско решавање. ПЗЧП е метод кој се користи во сите фази на планирање, имплементација, мониторинг и оценување на процесите. Негова цел е да осигура дека сите стратегии, програми, планови и закони кои ги носи конкретна институција се насочени кон унапредување на човековите права.
Меѓународните инструменти за човековите права ги содржат стандардите за човековите права. Тие ги опфаќаат сите одредби од членовите на меѓународните договори, како и коментарите на ООН договорните тела. Сите норми во овие инструменти го сочинуваат минималното нормативно ниво на права и обврски за кои носителите на должности се одговорни.
Целта на ПЗЧП е да ги операционализира меѓународните стандарди и принципи, како и секој процес на носење политики и програми да го заснова на духот во кој тие се напишани. |
Во суштина, постојат шест принципи на човековите права кои ПЗЧП ги интегрира низ програмското работење на одредена институција, организација или компанија. Овие принципи ја претставуваат нормативната еволуција на човековите права и ги насочуваат промоцијата, заштитата и остварувањето на човековите права низ програмските процеси.
Принципи насочени кон содржината |
Принципи насочени кон процесот |
Универзалност и неотуѓивост Неделивост Меѓузависност и меѓусебна поврзаност |
Партиципативност и вклученост Одговорност и владеење на право Недискриминација и еднаквост |
Секој маж, жена и дете секаде во светот е носител на човекови права по заслуга на самото тоа што е човек. Човековите права не можат да се одземат.
Од аспект на креирање политики и програми, овој принцип треба да обезбеди дека ниту една група на луѓе нема да остане исклучена од процесите на носење одлуки (маргинализирани групи, деца, жени, лица со попреченост итн.). Ова е точно и во случаи на недостаток на ресурси за вклучување на сите релевантни групи во конкретен пример.
Човекови права се својствени на и извираат од достоинство на секој човек. Тие се подеднакво значајни.
Клучното прашање кое се поставува за овој принцип при употреба на ПЗЧП е дали некои права се поимуваат како поважни од други, и тоа на штета на уживањето на вторите (на пример, дали граѓанските и политичките права се почитуваат на исто ниво како и економските, социјалните и културните права). Неретко ова ќе биде случај, посебно во средини каде сиромаштијата е застапена. Кога се креираат и имплементираат политики и програми треба да се внимава да се избегне вакво „приоретизирање на права“ и да се избегнат активности кои ќе придонесат кон тоа – на долг рок ова ја поткопува одржливоста на резултатите и овозможува плодна почва за повторување на истите состојби и циклуси кои сакаме да ги адресираме со конкретната интервенција.
Остварувањето на некое право често зависи целосно или делумно на остварувањето на други права.
Постоење на меѓусекторски партнерства ги прават политиките и програмите поуспешни и придонесуваат кон долгорочна одржливост на резултатите. Ова не се однесува само на различните сектори кои се дел од централната и/или локалните власти, туку подразбира целосно и полно вклучување во процесите на носење одлуки на граѓанскиот и бизнис секторот, на самите иматели на права (посебно маргинализираните и исклучените), како и на останати релевантни не-државни чинители.
Од аспект на креирање политики и програми, употребата на овој принцип осигурува сопственоста над развојните процеси да биде поделена подеднакво помеѓу сите вклучени чинители. Ова се однесува на сите фази на процесот (оцена и анализа, дизајн, имплементација, како и мониторинг и евалуација), не само на крајниот резултат. За таа цел, овие процеси треба да бидат вистински партиципативни, т.е. „активни, слободни и значајни“. Политиките и програмите треба да ги охрабрат и вистински вклучат најмаргинализираните граѓани и групи, да ги инкорпорираат и артикулираат нивните очекувања од носителите на должности, како и да ги поттикнат да го преземат во свои раце сопствениот развој (ОХЦХР, 2006, стр. 26).
Државите и останатите носители на должности се одговорни за остварување на човековите права.
Во пракса, системите за одговорност јасно ги делат улогите и одговорностите во процесите на носење политики и програми; овозможуваат транспарентни процеси и критериуми за носење на одлуки; овозможуваат слободен и целосен пристап до информации; и вклучуваат ефективни механизми кои осигуруваат одговорност од сите вклучени (УНФПА, 2010).
Овие системи треба да се воспостават на различните програмски нивоа, треба да се спроведуваат, како и да постојат начини за регрес кога обврските нема да бидат исполнети. Ова подразбира јакнење на капацитетите на носителите на должности за воспоставување на овие системи[1].
Сите луѓе се еднакви независно од нивните карактеристики. Сите луѓе ги уживаат човековите права подеднакво. Програмските процеси не смеат да ги опфатат само оние до кои можеме наједноставно да дојдеме (на пример, ако немаме пристапни простории за соодветно да вклучиме лица со попреченост – нема ни да ги вклучиме), затоа што дисбалансот на моќ ќе биде зголемен. Исто така, и ненамерна дискриминација во процесите мора да се ибегнува (на пример, ако имаме чинители кои треба да дојдат од поодалечени места, треба да се прилагодиме на нивните потреби за транспорт, сместување итн.). Посветувајќи време за предвидување на различните потреби на различните групи ќе придонесе кон намалување на исклученоста на дел од нив, а со тоа и кон зајакнување на резултатите. Носителите на должности треба без двоумење да истапат и отворено да комуницираат со имателите на права околу посебните потреби на индивидуално и колективно ниво.
Развојните концепти го инкорпорираат ПЗЧП како нивен суштински дел. ПЗЧП ги дефинира и насочува развојните концепти и процеси кон суштинско остварување на човековите права на сите групи, во линија со меѓународните стандарди и принципи на човекови права. Употребата на ПЗЧП во овие концепти и процеси се оправдува преку тоа дека тоа е морално и правно вистинскиот пристап, како и преку тоа дека води кон подобри и поодржливи резултати на човековиот развој. Токму ваквите резултати го потенцираат додадените вредности кои ги носи ПЗЧП.
Основната додадена вредност на ПЗЧП се состои во неговите објективно формулирани начини за мерење и правни поими врз основа на меѓународно договорени норми и стандарди за човековите права, да го интегрира, мониторира и оцени остварувањето на човековите права, а со тоа да им овозможи на креаторите на политики конкретни чеклисти за активности (Дароу & Томас, 2005).
ПЗЧП дефинира дека ниту една земја не може да оствари одржлив развој без да ги препознае принципите на човековите права како суштински принципи во управувањето (government), независно дали и во кој степен ги прифатила и имплементира меѓународните стандарди за човекови права. Програмите и политиките кои се водат од ПЗЧП имаат холистички пристап кон остварување на целите. Покрај локалните и националните власти, преку употреба на холистички пристап, тие ги вклучуваат и семејствата, заедниците, граѓанските организации и останатите чинители. Исто така, тие не се ограничуваат само на правните димензии и рамки, туку ги земаат во вид и социјалните, политичките и економските димензии.
Многу значаен елемент на додадена вредност е поврзувањето кое ПЗЧП го прави со меѓународните инструменти за човекови права и националните политики и програми. ПЗЧП ги приближува меѓународните инструменти на национално ниво, преку тоа што ги инкорпорира стандардите за човекови права во секоја политика и програма. На овој начин меѓународно-договорените цели, норми и стандарди се преточуваат во национални резултати, за чија верификација, пак, државите развиваат СМАРТ индикатори.
Партиципативните процеси кои ПЗЧП ги вградува во дизајн, носење, имплементација, мониторинг на и известување по различните политики и програми изискуваат одговорност од носителите на должности. Со други зборови, овој пристап предвидува согласност помеѓу оние чии права се повредени и оние кои имаат должност да реагираат и обезбедат остварување на тие права. Понатаму, на овој начин ПЗЧП овозможува транспарентна и отчетна формулацијата на политиките, програмите, легислативата и буџетите кои се насочени кон остварување на конкретно човеково право. ПЗЧП ги охрабрува граѓаните и заедниците да бараат одговорност од носителите на должности во случаи кога нивните права се повредени.
ПЗЧП ги отелотворува меѓународните стандарди за човековите права во една равенка – 3AQ.
ПЗЧП = 3 АQ (достапност/availability, пристапност/accessibility, прифатливост/acceptability и квалитет/quality) |
Ова значи дека обезбедувањето на уживање на сите човекови права државите треба да го направат на начин пристапен и достапен за имателите на права, како и дека истиот тој начин треба да биде прифатлив за нив. Конечно, нивото на квалитет на уживање на човековите права треба да биде соодветно високо и обезбедено за сите иматели на права подеднакво. ПЗЧП ја вклучува оваа равенка во секоја фаза на дизајн и имплементација на политиките и програмите и овозможува истата да се користи за оцена на остварувањето на правото.
Употребата на ПЗЧП придонесува и кон мониторингот на обврските кои државата ги презема со ратификација на меѓународните инструменти за човекови права. Ова е посебно апликативно имајќи во вид дека и препораките на договорните тела, и алтернативните извештаи од граѓанскиот сектор и останатите актери, и независните оцени на перформансите на државата – сите го користат овој пристап.
Конечно, ПЗЧП води кон поголема одржливост на постигнатите резултати: содржи активности за градење на капацитетите на клучните чинители (за иницирање и вклучување во дијалог, за исполнување на должностите и за барање одговорност од носителите на должности); ја јакне општествената кохезија преку суштинско вклучување на маргинализираните и исклучените групи; ги втемелува аспектите на човековите права во законодавството, политиките, механизмите, инфраструктурата и институциите; ги усогласува националните политики и програми со обврските преземени од меѓународните инструменти; и ги институционализира демократските процеси.
Развиената методологија и индикаторите наведени подолу се наменети за користење од вработени во различни организации на власта вклучени во која било од подолу опишаните фази, независно од нивото на кое се наоѓаат во организациската структура. Сепак, имплементацијата на ПЗЧП е сложена и тимска операција, која вклучува многу претставници на власта, односно на властите, како и на останати државни и недржавни чинители. Иако има значајни преклопувања помеѓу имплементацијата на ПЗЧП во политиките и во програмирањето, од една, и давањето услуги, од друга страна, публикацијава е наменета исклучиво за првото. Методолошкиот пристап за имплементација на ПЗЧП во давање услуги треба дополнително да се развие, имајќи ги предвид бројните специфичности на остварувањето на човековите права при овозможување јавни услуги. Од аспект на овозможување јавни услуги, во линија со ПЗЧП, публикацијава може единствено да се користи како референтна точка.
Методологијата на е достапна на македонски, англиски и албански.
Почитувањето на човековите права е одговорност на секој сопственик/-ка и раководител/-ка на компанија. Денес, речиси сите компании вработуваат работници, имаат добавувачи и деловни партнери од странство, вклучително и од земји познати по ниското ниво на почитување на човековите права, нудат бројни производи и услуги, коишто, покрај позитивните придобивки, можат да бидат и злоупотребени за нарушување на човековите права. На пример, транспортната индустрија и туризмот многу често се злоупотребени за трговија со луѓе. Телекомуникациските услуги, покрај тоа што ги поврзуваат луѓето, честопати се користат за нарушување на правата на приватност и слобода на движење. Поради тоа, идентификувањето на клучните ризици во однос на човековите права, вградувањето и спроведувањето политики и мерките коишто ќе осигураат дека компанијата ги почитува човековите права, меѓународно стануваат редовен приод во водењето бизнис.
Овaa методологија озозможува усогласена примена на пристапот заснован на човекови права и Водечките принципи за бизнис и човекови права. Таа е наменета, како за бизнисите кои ја применуваат, така и за граѓанските организации и институциите кои можат да вршат мониторинг и поддршка на нејзината примена.
Методологијата на е достапна на македонски, англиски и албански.
Пристапот заснован на човековите права во методолошка смисла е рамка чија цел е вклучување на човековите права во сите развојни програми, проекти и активности. Овој пристап го става акцентот врз остварувањето на правата, наместо врз задоволувањето на потребите на најранливите групи во општеството.
Методологијава за примена на Пристапот заснован на човекови права (ПЗЧП) е првенствено наменета за граѓанските организации. Примената на ПЗЧП не треба да вклучува целосно нов начин на работа, туку да се заснова на систематско и инклузивно планирање и имплементација на проектите и програмите, вклучувајќи ја секогаш заштитата на човековите права во сите аспекти од работењето.
Методологијата на е достапна на македонски, англиски и албански.
Советот на Европа е водечка организација за човекови права на континентот. Таа има 47 земји-членки, од кои 28 се членки на Европската унија. Сите земји-членки на Советот на Европа се потписнички на Европската конвенција за човекови права, договор за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото.
Главната цел на програмата за едукација за човекови права за правни професионалци (ХЕЛП) е да ги подобри капацитетите на судиите, адвокатите и обвинителите во сите 47 земји членки на Советот на Европа. Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Ова се постигнува преку ХЕЛП онлајн курсевите кои опфаќаат низа теми за човекови права.
Нивните курсеви можете да ги најдете тука.
Јазик: англиски и македонски
Институтот за тренинг и истражување на Обединетите Нации (УНИТАР) обезбедува иновативни решенија за учење за поединци, организации и институции со цел да се подобри носењето на одлуки на глобално ниво и да им се даде поддршка на државите при нивните напори за создавање на подобра иднина.
УНИТАР нуди курсеви кои се бесплатни и отворени за јавноста и што траат во текот на целата година или ги има неколку пати годишно.
Нивните курсеви можете да ги најдете тука.
Јазик: англиски
Амнести интернешенал е глобално движење од повеќе од 7 милиони луѓе кои се залагаат за свет во кој човековите права ги уживаат сите.
Тука можете да најдете 6 бесплатни онлајн курсеви за да дознаете повеќе за човековите права.
Јазик: англиски
Оваа платформа ги прави професиите поврзани со човекови права подостапни преку ширење на информации за бесплатни онлајн курсеви, работни места, платен стаж, магистерски студии, стипендии и други информации поврзани со оваа професија. Тука може да најдете курсеви за човекови права од универзитетот Харвард, универзитетот Стенфорд, католичкиот универзитет Лувен, Амнести интернешенал, Универзитетот Кертин, Универзитетот Колумбија, државниот универзитет Колорадо, Женевскиот универзитет и универзитетот Утрехт.
Курсевите ги опфаќаат правата на децата, правата на жените, меѓународното право во областа на човековите права, правата на бегалците, дигиталната безбедност и човековите права, застапувањето за човекови права и многу други.
Нивните курсеви можете да ги најдете тука.
Јазик: англиски
Секој курс на Курсера го предаваат врвни инструктори од универзитети и компании од светска класа, така што можете да научите нешто ново во секое време, на кое било место. Стотици бесплатни курсеви ви овозможуваат пристап до видео предавања, вежби за домашни задачи и форуми за дискусии.
На Курсера можете да најдете широк спектар на курсеви за човекови права, почнувајќи од меѓународното право во областа на човековите права, до попрактични курсеви, како на пример, како да станете создавач на промени, јавното здравје и вештини за решавање на конфликти.
Нивните курсеви можете да ги најдете тука.
Јазик: англиски
edX е платформа за образование и учење, основана од Харвард и МИТ. edX е дом на повеќе од 20 милиони корисници, поголемиот дел од највисоко рангирани универзитети во светот и компании кои се водечки во нивните индустрии.
edX нуди курсеви од универзитетот Харвард, универзитетот Колумбија, Амнести интернешенал и академијата СДГ.
Тие имаат курсеви за правата на децата, правата на бегалците, сиромаштијата, слободата на изразување и хуманитарната помош за време на конфликт или катастрофа.
Нивните курсеви можете да ги најдете тука.
Јазик: англиски
Глобалниот кампус за човекови права е глобална мрежа на универзитети за образование во областа на човековите права и демократијата поддржана од ЕУ. Тие се стремат да ги промовираат човековите права и демократизација преку високо образование, специјализирани програми за обука, истражувања и вклучување на заедницата. Тоа го прават низ целиот свет преку нивната широка мрежа на универзитети-членки.
Глобалниот кампус за човекови права се стреми да создаде отворени онлајн курсеви посветени на теми во областа на човекови права кои се актуелни или недоволно застапени.
Нивните курсеви можете да ги најдете тука.
Јазик: англиски
My Mooc е платформа за онлајн учење која ви овозможува пристап до знаење од најпрестижните институции ширум светот.
Ако барате курсеви за човекови права, можете да ги најдете важните онлајн курсеви со оваа тема на нивната страница. Можете да најдете курсеви за граѓански слободи, законот за бегалци и меѓународно право создадени од искусни професори по право. Овие курсеви ќе ви овозможат да ги усовршите своите знаења од оваа област. На крајот на секоја обука ќе добиете сертификат од престижен универзитет или реномирана организација.
Нивната страница можете да ја најдете тука.
Јазик: англиски
iversity е платформа за онлајн учење која нуди курсеви за високо образование и стручен развој од експерти од цела Европа.
Тие нудат курс на темата „Човекови права: Глобална и локална заштита“ од Универзитетот во Падова.
Курсот можете да го најдете тука.
Јазик: англиски
Академијата е достапна на линкот: https://www.ihracademy.org.mk/
Јазик: македонски