Донатор: Европска унија
Времетраење: 1.11.2026 - 31.12.2027
Општа цел
Да се придонесе кон зајакнување на владеењето на правото и отчетноста на реформите во правосудството во Северна Македонија преку структурирано, на докази засновано учество на граѓанското општество во реформите за пристапување кон ЕУ и мониторинг на правосудниот сектор од страна на Блупринт групата.
Специфични цели:
-
Да се обезбеди систематско учество на граѓанското општество во креирањето, мониторингот и евалуацијата на реформите во правосудството и поврзаното законодавство.
-
Да се зајакнат механизмите за надзор засновани на докази, застапување и јавна отчетност во однос на правосудните институции.
-
Да се унапреди транспарентноста и јавната свест во врска со реформските процеси во правосудството, институционалната успешност и усогласеноста со стандардите на ЕУ.
Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:
- Мониторинг на работата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и на спроведувањето на Законот за Судскиот совет и Законот за Советот на јавни обвинители.
- Мониторинг на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.
- Мониторинг на улогата на Врховниот суд во обезбедувањето воедначена судска практика и правна сигурност.
- Спроведување судски мониторинг на избрани судски предмети.
- Подготовка и објавување тематски мониторинг-брифови кои ги анализираат клучните случувања во реформите во правосудството.
- Изработка и објавување заеднички Извештај во сенка за Поглавјето 23 (Правосудство и фундаментални права).
- Учество и придонес во работни групи, јавни консултации и состаноци со засегнати страни за реформите во правосудството.
- Поднесување писмени придонеси и предлог-политики за време на законодавните консултации.
- Организирање национална конференција, работилница за валидација на Извештајот во сенка, како и форуми и тркалезна маса за поттикнување на институционалниот дијалог.
- Одржување прес-конференции за презентирање на наодите за системските слабости и реформските недостатоци, и објавување навремени писмени реакции, соопштенија за јавност и брифинзи за медиуми за прашања поврзани со судската независност, транспарентноста и отчетноста.