projects-bg

Тековни проекти

БЛУПРИНТ ЗА ОТЧЕТНА ПРАВОСУДНА РЕФОРМА

Донатор: Европска унија 

Времетраење: 1.11.2026 - 31.12.2027

Општа цел 

Да се придонесе кон зајакнување на владеењето на правото и отчетноста на реформите во правосудството во Северна Македонија преку структурирано, на докази засновано учество на граѓанското општество во реформите за пристапување кон ЕУ и мониторинг на правосудниот сектор од страна на Блупринт групата.

Специфични цели:

  1. Да се обезбеди систематско учество на граѓанското општество во креирањето, мониторингот и евалуацијата на реформите во правосудството и поврзаното законодавство.

  2. Да се зајакнат механизмите за надзор засновани на докази, застапување и јавна отчетност во однос на правосудните институции.

  3. Да се унапреди транспарентноста и јавната свест во врска со реформските процеси во правосудството, институционалната успешност и усогласеноста со стандардите на ЕУ.

Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:

  • Мониторинг на работата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и на спроведувањето на Законот за Судскиот совет и Законот за Советот на јавни обвинители.
  • Мониторинг на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.
  • Мониторинг на улогата на Врховниот суд во обезбедувањето воедначена судска практика и правна сигурност.
  • Спроведување судски мониторинг на избрани судски предмети.
  • Подготовка и објавување тематски мониторинг-брифови кои ги анализираат клучните случувања во реформите во правосудството.
  • Изработка и објавување заеднички Извештај во сенка за Поглавјето 23 (Правосудство и фундаментални права).
  • Учество и придонес во работни групи, јавни консултации и состаноци со засегнати страни за реформите во правосудството.
  • Поднесување писмени придонеси и предлог-политики за време на законодавните консултации.
  • Организирање национална конференција, работилница за валидација на Извештајот во сенка, како и форуми и тркалезна маса за поттикнување на институционалниот дијалог.
  • Одржување прес-конференции за презентирање на наодите за системските слабости и реформските недостатоци, и објавување навремени писмени реакции, соопштенија за јавност и брифинзи за медиуми за прашања поврзани со судската независност, транспарентноста и отчетноста.
project-img project-img project-img
news-bg

Новости