Донатор: Германската амбасада во Скопје
Времетраење: 22.09.2026 - 31.12.2026
Општа цел
Да се придонесе кон ефективно и транспарентно спроведување на Законот за Судскиот совет, усогласено со Реформската агенда на ЕУ, и да се зајакне преиспитувањето на дисциплинските постапки и постапките за разрешување од страна на Судскиот совет и Управниот суд во согласност со стандардите на ЕСЧП, со што ќе се унапреди судската независност, отчетноста и довербата на јавноста.
Специфични цели:
Да се следи и оцени спроведувањето на Законот за Судскиот совет во практика.
Да се поддржат Судскиот совет и Управниот суд во интегрирањето на судската практика на ЕСЧП во жалбените постапки.
Да се обезбедат препораки засновани на докази за унапредување на механизмите за отчетност во управувањето со судството.
Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности: