projects-bg

Тековни проекти

ОД РЕФОРМА ДО ПРАКСА: ИМПЛЕМНТАЦИЈА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА СУДСКИ СОВЕТ

Донатор: Германската амбасада во Скопје

Времетраење: 22.09.2026 - 31.12.2026


Општа цел 

Да се придонесе кон ефективно и транспарентно спроведување на Законот за Судскиот совет, усогласено со Реформската агенда на ЕУ, и да се зајакне преиспитувањето на дисциплинските постапки и постапките за разрешување од страна на Судскиот совет и Управниот суд во согласност со стандардите на ЕСЧП, со што ќе се унапреди судската независност, отчетноста и довербата на јавноста.

Специфични цели:

  1. Да се следи и оцени спроведувањето на Законот за Судскиот совет во практика.

  2. Да се поддржат Судскиот совет и Управниот суд во интегрирањето на судската практика на ЕСЧП во жалбените постапки.

  3. Да се обезбедат препораки засновани на докази за унапредување на механизмите за отчетност во управувањето со судството.

Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:

  • Систематски мониторинг и анализа на одлуките и практиките на Судскиот совет согласно новата законска рамка.
  • Подготовка на алатки за примена на стандардите на ЕСЧП при одлучувањето од страна на Судскиот совет.
  • Подготовка на водичи за стандардите на ЕСЧП за Управниот суд.
  • Консултативни состаноци и дијалог за политики (Судски совет, судии, Биро за застапување на Република Северна Македонија пред ЕСЧП).
project-img project-img
news-bg

Новости