news-bg

Новости

Проект:
ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НА РАБОТАТА НА АНТИКОРУПЦИСКА И АНТИДИСКРИМИНАЦИСКА КОМИСИЈА

Квантитативно истражување за мерење на свесноста на граѓаните на Република Северна Македонија

Мерењето на свесноста на граѓаните е квантитативно истражување базирано на собирање на специфични информации поврзани со свесноста и перцепциите на граѓаните на Република Северна Македонија (РСМ)

ЦЕЛИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО:

  • Да се добие квантитативен увид во степенот на свесност, односно познавање кај граѓаните на РСМ за постоењето и работата на (ДКСК)
  • Истражувањето истражува во која мера граѓаните на РСМ се свесни за:
    • Постоењето на специјализирана комисија за спречување на корупцијата во државата;
    • Називот на комисијата.

Воедно, истражувањето треба да го презентира мислењето/оценка на граѓаните кои знаат за постоењето на ДКСК во однос на:

  1. Степенот на независност и професионалност на комисијата;
  2. Степенот на транспарентност на комисијата;
  3. Степенот на доверба на комисијата кај општата јавност/граѓаните;
  4. Степенот на поддршка на работата на комисијата кај општата јавност/граѓаните;
  5. Имиџот и перцепцијата на комисијата кај општата јавност/граѓаните;
  6. Мислењето на граѓаните за способноста/моќта на комисијата да ги подобри состојбите во однос на корупцијата.

Истражувањето во целост е достапно тука