news-bg

Новости

Проект:
АКЦИЈА ЗА ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ОТЧЕТНОСТ И ЕФЕКТИВНОСТ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РСМ

Работен состанок на ССРСМ и ДКСК

На 2 март 2020 година за прв пат се одржа работен состанок помеѓу Судскиот совет на РСМ и Државната комисија за спречување корупција. Настанот беше во рамките на проектите кои се спроведуваат од страна на Институтот за човекови права и Транспарентност Македонија. Целта на овој работен состанок беше да се воспостави пракса за идна соработка помеѓу овие две тела. Се истакна потребата за меѓусебна соработка, а во насока на намалување на ризиците од корупција во областа на правосудството. 

На состанокот се заклучи неопходноста од интензивирање на соработката на овие два државни органи во функција на остварување на своите законски надлежности како и нивната улога во општествениот живот.

project-img